Линда Јакарино е новиот извршен директор на Twitter. Најавата за изборот на Маск за негова замена, нешто што го најави минатата година по пуштањето на анкета, беше објавена минатиот месец.

Од оваа недела, поточно од вчера, Линда Јакарино и официјално ја презеде функцијата и ќе има задача да ја организира работата на компанијата која веќе не е каква што беше пред само една година.

Како што беше најавено, Јакарино ќе ги преземе секојдневните обврски кои доаѓаат со нејзината позиција, а Елон Маск ќе остане во компанијата и ќе продолжи да се „занимава“ со технологијата зад Twitter, а ќе биде и извршен претседател на одборот на директори.

Јакарино испрати имејл до вработените, кој е објавен и на Twitter, каде таа ги дава своите мислења и планови за почетокот на нејзината позиција.

Таа почнува со истакнување дека Маск знаел дека на истражувањето на вселената и електричните возила им требало трансформација, па тоа и го направил. Исто така станува јасно дека трансформација е потребна и на „глобалниот плоштад“, кој треба да ја бутка цивилизацијата напред преку нефилтрирана размена на информации и отворен дијалог за работите кои ни се најважни.

Таа го споменува и терминот кој го искористи Маск минатата година за иднината на Twitter, односно Twitter 2.0, а како главна цел се истакнува мисијата да се стане најточниот извор на информации во вистинско време во светот.

Целото „писмо“ можете да го прочитате во продолжение.

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаMicrosoft ги донесува игрите од PC Game Pass на GeForce NOW сервисот од Nvidia
Следна статијаАмериканската FTC повторно го блокира купувањето на Activision Blizzard од страна на Microsoft
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.