Линда Јакарино е новиот директор на Twitter. Еден ден по најавата од страна на Елон Маск дека тој ја има избрано неговата замена, денеска го објави името на новата директорка.

Како што најави, тој ќе остане важен дел во компанијата и ќе функционира како нејзин директор за технологија, како и извршен претседател на одборот на директори.

Во денешната најава Маск истакна дека Јакарино ќе се фокусира примарно на бизнис делот од работата, додека тој ќе биде фокусиран на дизајнот на производот и новите технологии.

Линда Јакарино доаѓа од NBCUniversal и едно од најголемите очекувања од нејзиното назначување е враќањето на огласувачите на мрежата. Дел од огласувачите непотребно ја прекинаа или паузираа соработката поради верувањето дека по купувањето на Twitter од страна на Маск, објавите нема да се контролираат и секој ќе може да објави буквално што сака, вклучувајќи и насилство и слични работи.

Ситуацијата секако не е таква, а Маск ги објави своите докази за огромната цензура која се правела на мрежата со помош на властите и модерирањето на содржината врз основа на што се смета за точно или не, а не врз основа на факти.

Претходна статијаНаредната верзија од Wear OS донесува нови можности и нови апликации лесно достапни преку раката на корисникот
Следна статијаApple веќе ја тестира наредната генерација од нивниот М чип која ќе биде направена со 3nm технологија
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.