B2pgXV7CUAABW3A.jpg large

Како што знаете, Microsoft купи само дел од Nokia, поточно делот задолжен за мобилните телефони, па компанијата остана да функционира посебно и после тоа. Microsoft постепено се дистанцира од Nokia брендот, односно почнува да го користи нивниот бренд заедно со Lumia.

Делот од компанијата што не премина во Microsoft планира да продолжи да функционира, дури можеби и подобро од претходно. Тоа е така поради одлуката на менаџментот пред продажбата да работи ексклузивно со Microsoft и Windows Phone, па многу се прашуваа, вклучувајќи ги и луѓето во компанијата, дали ќе беше подобро доколку паметните телефони го користеа и Android оперативниот систем.

Брендот Nokia тие сепак нема да можат да го користат до крајот на 2016 година за правење на паметни телефони, додека уште 10 години за обичните мобилни телефони. Што се однесува до друг вид на производи, тие можат слободно да претставуваат што би сакале. Од компанијата исто така планираат да го лиценцираат брендот заедно со одредени технологии кои што ги користат, па и други компании да можат да претставуваат производи кои ќе го носат името Nokia.

10734162_10152391360592397_5977161184000446658_n

Од компанијата преку нивните социјални сметки најавија дека планираат да претстават нешто утре, односно на 18-ти Ноември. Како што би очекувале не се дадени повеќе информации, но од сликата може да се види дека се работи за уред во форма на медиа плеер или set-top box.

Некои луѓе се прашуваат дали од Nokia планираат да претстават Android box уред или можеби со оперативен систем развиен од нивна страна. Дали е можно да претстават и уред кој што ќе работи на Windows ? Сепак настанот е закажан за утре, па нема потреба да претпоставуваме.

Уредот на сликата е во квадратна форма и на него се гледа само името Nokia. На најавата за настанот од Nokia го користат слоганот „We’re up to something“, што укажува и на планот да се активираат со претставувањето на производи.

Извор: Windows Central, The Verge

Претходна статијаСтив Џобс и „американскиот сон“
Следна статијаNokia ќе ја лиценцира употребата на брендот на други компании
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.