Фото: Shutterstock.com

Според информации кои ги објави Bloomberg, Министерството за правда на САД размислува да покрене постапка за поделба, односно растурање на Google. Причината за тоа е обвинувањата кои ги има со години, а беа потврдени со одлука на окружниот суд во Областа Колумбија од овој месец, дека Google нелегално ја задржува својата водечка позиција на пазарот на интернет пребарување, како и интернет огласување. 

Ова се двата главни бизниси на Google, иако тие на корисниците им се познати и по Android оперативниот систем, Pixel уредите и слично. 

Еден од начините на кои Google ја задржува својата позиција, истакнати од страна на судијата Амит Мехта, е плаќање на други компании за поставување на Google Search како стандарден пребарувач кај нивните производи. Оваа практика Google ја има со Apple, Samsung, како и со Mozilla. 

Секако, Google тврдат дека причината поради која овие компании го користат Google Search во нивните производи е квалитетот и популарноста, што не е неточно, но веќе имаше потврда дека за тоа тие добиваат и доста големи суми. 

Се верува дека поделбата на Google би значела продажба на Google Chrome и Android, односно поделба на овие делови од компанијата со главниот бизнис, рекламирање и пребарување. 

Реакциите на оваа вест се поделени, а во голем дел поради познатата и очигледна поврзаноста на Google со Демократската партија во САД, која моментално е на власт. Познати се и најновите ситуации со отежнување да се дојде до информации за Доналд Трамп, а форсирањето на резултати и вести за Џо Бајден, односно сега Камала Харис. 

Според некои, мали се шансите ова да помине со нешто повеќе од одредени казни, па на оваа одлука се гледа како на предупредување од страна на властите за задржување на „лојалноста“ на оваа компанија. 

Слични истраги и одлуки се очекуваат и за други компании, како на пример Apple.

Покрај одредени „маани“ на функционирањето на Google, една од поголемите „жртви“ на можното растурање би бил YouTube, сервис кој дури и со цензурата на одредени теми претставува голем фактор и им овозможува на многу луѓе да можат да дојдат со својата публика бесплатно.

ИЗВОРZDNet
Претходна статијаApple го отвора пристапот до NFC чипот на iPhone и за другите апликации
Следна статија20 факти кои можеби не ги знаете за Виз Ер Скопски маратон
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.