Нешто што започна како обврска од новите европски закони, сега ќе се пренесе за останатите земји во светот. Apple најави дека конечно ќе го отвори пристапот до NFC чипот на iPhone, како и Secure Element преку којшто функционира оваа функција.
Програмерите ќе можат да почнат да го користат NFC чипот и Secure Element за да додадат повеќе можности во нивните апликации, досега достапни само преку Apple Wallet и Apple Pay.
Една од повеќе популарните можности се бесконтактно плаќање на POS терминалите во продавниците, но достапни можат да бидат и можности како отклучување на автомобилите, корпоративни пропусници, студентски идентификации, отклучување на паметните домови, картички за попуст, карти за настани и слично.
За оваа нова можност програмерите ќе можат да ја користат новата API алатка која ќе им стане достапна со iOS 18.1 верзијата, а со официјалното пуштање на оваа верзија и корисниците можат да очекуваат нови можности кај апликациите.
За жал, пристапот до новата алатка нема веднаш да биде достапен во целиот свет, па Apple ги истакнаа Австралија, Бразил, Канада, Јапонија, Нов Зеланд, Обединетото Кралство и САД како првите земји каде ќе го отворат пристапот.
Тие најавуваат дека дополнителни земји ќе бидат вклучени наскоро, но ќе почекаме да видиме кога е тоа наскоро, а и колку нови земји ќе бидат вклучени.