По неофицијалната информација која ја објави Windows Central во текот на оваа недела, Microsoft излезе со свое официјално соопштение. Тие потврдија дека влегуваат во Chromium заедницата, односно ќе придонесуваат сериозно на овој проект со отворен код.

Тоа значи дека Microsoft Edge веќе нема да биде развиван на веб технологиите од Microsoft, туку ќе биде развиван и направен на основа на Chromium. За потсетување, Chromium е проект чија работа е со отворен код, а на негова основа е направен Google Chrome, како и повеќе други прелистувачи.

За Edge ова ќе значи подобра компатибилност со веб технологиите, односно со веб страните. Веќе нема да има ситуации каде овој прелистувач не ја отвора одредена веб страна како што треба, односно ќе се “однесува” целосно исто како Google Chrome на кој повеќето од вас веќе се навикнати.

Исто така, Edge ќе добие пристап до огромниот број на додатоци кои се достапни во Chrome продавницата, па програмерите веќе нема да треба да развиваат посебни додатоци, нешто што и така не го правеа, барем не во голем број.

Од оваа одлука на Microsoft ќе добие и Chromium проектот, односно прелистувачите кои работат на овој код. Microsoft ќе ги насочи своите ресурси кон придонес на овој проект, а ќе ги донесе и некои од своите “знаења” за Windows и интеграција со прелистувачите. Тоа ќе значи и конечно средување на проблемот на Chrome и другите со трошењето на ресурсите и батеријата на компјутерите.

Со префрлувањето на Chromium, Edge ќе биде направен целосно како десктоп апликација, наместо како сега, таканаречена модерна. Со тоа Edge ќе добива редовни надградби, независни од оперативниот систем, но ќе стане достапен и на другите Windows верзии, како и на macOS.

Изгледот и функциите на Edge нема да бидат променети, па доколку веќе сте корисник не треба да очекувате некои значителни промени од “предната” страна. Промените ќе дојдат во позадината, а тоа ќе го забележите преку подобрата работа на Edge, како и изборот на додатоци.

Microsoft Edge инаку веќе е достапен и на двете најголеми мобилни платформи, каде веќе е направен во нивните технологии, што значи дека веќе имаме претстава како работи Edge на основа на Chromium, во случајот на Android.

ИЗВОРMicrosoft
ИЗВОР 2TechCrunch
Претходна статијаYandex го претстави својот прв смартфон – Yandex.Phone е уред од средната класа со акцент на сервисите од компанијата
Следна статијаHMD Global го претстави Nokia 8.1 – смартфон од средно високата класа, со HDR10 екран и исечок на горната страна
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.