Apple официјално започнува со продажба на нивниот нов вид на уред, после повеќе години, Vision Pro. Овој „просторен компјутер“, како што сакаат да биде нарекуван овој уред за проширена реалност, веќе е достапен за преднарачка во САД, а официјално ќе стане достапен од 2 февруари.

Една од клучните работи од кои ќе зависи успехот на Vision Pro покажува знаци на проблеми кои можат да направат уредот да не го види успехот на другите уреди со Apple лого на нив.

Неколку „големи имиња“ најавија дека нема да имаат официјална апликација за Vision Pro самиот почеток, а исто така нема да ја искористат можноста нивните iPad верзии од апликациите да бидат достапни на новиот уред.

Вакво нешто најавија Netflix, YouTube и Spotify, дефинитивно сериозни имиња на пазарот кои со ова ќе привлечат негативно внимание и можеби и скептичност од страна на корисниците.

Овие компании се имаат одлучено да не дозволат iPad верзиите од апликациите да бидат достапни на Vision Pro со што покажуваат дека тие не сакаат да дадат поддршка за уредот.

Според Марк Гурман и неговиот најнов билтен, ова ги покажува не баш добрите односи кои ги има Apple со програмерите изминатите години, а кои во главно се нарушени поради големиот процент кој го зимаат од компанијата, дури и сега кога ќе дозволат користење на други платежни сервиси.

Дополнително, App Store има одредени правила за поднесување на апликациите, па со оглед на големината и популарноста не ретко Apple се обвинувани за монополска позиција.

Други програмери исто така истакнуваат дека не планираат да развиваат за Vision Pro, а не би сакале ни да ги овозможат iPad верзиите од нивните апликации.

Сепак, не сите вакви ставови се поради проблем со Apple. Vision Pro е нов уред кој Apple се надева дека ќе се продаде во количина од 200-300.000, што е доста малку за да се оправдаат трошоците на програмерите.

Се очекува дека втората и третата верзија од Vision Pro ќе привлечат поголемо внимание, а треба да бидат со пониска цена и средени некои од проблемите кои ќе се појават со првата верзија.

ИЗВОРBloomberg
Претходна статијаТри медали од „Гран при Кроација“ за каратистите на „Макпетрол“
Следна статијаMicrosoft ќе препорачува најмалку 16GB RAM за новата верзија од Windows оваа година која ќе дојде со целосно интегрирана вештачка интелигенција?
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.