Apple

Преку известување во текот на вчерашниот ден Apple информира дека едно од најпознатите имиња во светот на дизајнот, Џони Ајв, ќе ја напушти компанијата и ќе формира своја компанија која ќе работи со дизајн.

Тоа сепак нема да значи дека тој веќе нема да работи на дизајнот на производите на Apple, па тие ќе му бидат првиот клиент во новата компанија. Во Apple задачата за водењето на дизајнот ќе остане на неколку соработници на Ајв кои веќе со години работат со него.

„Џони е единствената фигура во светот на дизајнот и неговата улогата во оживувањето на Apple не може да биде пренагласена, од иновативниот iMac во 1998 до iPhone и големата амбиција на Apple Park, каде тој во изминатиот период ја вложи целата своја енергија и грижа. Apple ќе продолжи да има корист од талентот на Џони работејќи директно со него на ексклузивни проекти и преку тековната работа на брилијантниот и страстен дизајнерски тим којшто тој го изгради. После многу години работејќи блиску со него, јас сум среќен што нашите односи продолжуваат да еволуираат и со нетрпение чекам да работам со Џони уште долго во иднината.“ – истакна Тим Кук.

Инаку, Џони Ајв е можеби најпознатото лице на Apple, после Стив Џобс. Тој беше и еден од најблиските соработници на Џобс со кого работеа блиску во креирањето на првите производи кои ја вратија Apple на врвот во деведесеттите.

Ајв беше главниот во дизајнирањето на mac компјутерите, iPhone, iPod, iPad, а исто така беше и одговорен за редизајнот којшто го добија iOS и macOS пред некоја година. Неговите видеа, како и гласот со британски акцент, којшто се карактеристични за скоро секое претставување на нов производ од Apple се едни од главните и најмногу гледани работи од компанијата.

Новата компанија на Џони Ајф е наречена „LoveFrom“.

ИЗВОРApple
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаЛинкови од разни ќошиња на интернетот (#9)
Следна статијаОфицијално достапен Firefox Preview во Play Store за сите корисници
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.