Shutterstock.com

Последниве недела/две беа одлични за оние што сакаат да гледаат добри серии и филмови. Излезе втората сезона на Dark (имаме одличен осврт од „Кардељ“), ја добивме и новата сезона на Black Mirror, а можевме да уживаме и во Good Omens. Уште една недела и ќе можеме да ја гледаме и Stranger Things. После Game of Thrones, добро е што ќе се освежиме со толку добри серии.

Интересен профил на позната личност

How to be Popular as an Introvert (Charisma on Command). Траекторијата на Киану Ривс низ изминативе 20 години изгледаше отприлика вака: млада филмска ѕвезда > станува легенда со Матрикс > тивок период без блокбастери > Меме ѕвезда > станува познат како предобар човек. И покрај неговиот многу тежок живот (ги изгубил сопругата и најдобриот другар), тој успеал да остане приземјен и да прави добро на другите околу него. Видеово е добро интро во неговиот карактер, прикажан преку повеќе негови интервјуа.

Најновиот трејлер за Stranger Things. Верувам дека веќе сте наишле и сте го гледале трејлерот за третата сезона. Само сакав да искоментирам дека серијата се движи во насока на холивудски блокбастер. Првата сезона беше „тивка“, без премногу акција и огромен буџет. Повеќе се фокусираше на приказната, ликовите и амбиентот. Третата сезона личи како да ќе биде полна со акциони сцени, чудовишта и епски моменти, а децата веќе стануваат познати ѕвезди, далеку од анонимците што не освоија во првата сезона. Сепак, останува серија што мора да се гледа.

Напис кој те тера да зјапаш во зеленило

This Makes Us Happy, So Why Don’t We Do More of It? Сите копнееме да „избегаме“ во шума или во природа повеќе пати во годината. Но, ретко го правиме тоа, иако знаеме дека ќе ни донесе многу убави нешта. Изговорите најчесто се вртат околу немањето време, но дали навистина немаме време за еден викенд во природа месечно? Веќе и науката го потврди она што го знаевме: кога се тргаме од урбаната средина и гужвите, стануваме посреќни. Таа среќа потоа останува со нас подолго време.

Подкаст по кој конечно ќе почнеш да вежбаш

The Peter Attia Drive Podcast: Jocko Willink. Подкаст полн со корисни информации за станување рано, исхрана, фастинг, дисциплина и воени приказни. Џоко Вилинк е поранешен Navy Seal што станува во 4:30 секое утро зошто смета дека така „ќе го претрка непријателот“. Кој му е непријателот? Само тој знае. Вилинк е човек на кој дисциплината и мотивацијата му се дел од оперативниот систем. Ако сакате да се инспирирате, ова не е лошо место од кое може да почнете.

German Food Reviews. Само германец како ужива додека јаде превкусни работи – зборувајќи со акцент на Хитлер.

Претходна статијаПатувате сами? Samsung со седум совети за „соло“ патување ова лето
Следна статијаЏони Ајв основа сопствена компанија за дизајн и ја напушта Apple