Фото: Shutterstock.com

Од оваа недела, поточно од вчера, Џеф Безос веќе не е главниот директор на неговата компанија. Одлуката да ја напушти оваа позиција Безос ја најави уште во февруари оваа година, а во мај беше објавена и точната дата кога се планира последниот работен ден.

Причината поради која е избрана оваа дата да биде датата кога Безос веќе нема да биде „CEO“ на Amazon е поради сентиментални причини, како што истакнува Безос, односно тоа е датата кога Amazon официјално започнал со работа пред 27 години.

Толку години Безос е на чело на компанијата која тој ја основа, а сега ќе се посвети повеќе на неговите други бизниси и организации, како што се Bezos Earth Fund, The Washington Post весникот, Amazon Day 1 Fund, како и неговата позната вселенска компанија Blue Origin.

Сепак Безос нема да целосно да излезе од Amazon, па оваа промена само го носи на претседателското место во одборот на директори кое е извршно, односно нема да биде само симболично.

Местото на Безос како главен извршен директор го презема Енди Џеси кој досега го водеше AWS делот во компанијата кој е еден од најважните.

За овој месец Безос има и друг доста голем план, а тоа е лансирањето во ниската орбита на Земјата со првиот човечки лет на Blue Origin. Тој летот ќе го направи со неговиот брат, како и со уште еден човек кој беше избран преку процес на наддавање.

Претходна статијаIDEA LAB со 24 часовен креативен хакатон за студентите од Академијата за дигитален маркетинг на Creative Hub
Следна статијаАЕТМ: 75% раст на онлајн трансакциите во првиот квартал годинава
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.