Фото: Shutterstock.com

Веќе можевме да прочитаме дека оваа година сите iPhone модели ќе го користат истиот чип, за разлика од ланските модели кога Apple ги подели, па поновиот чип го вгради само кај Pro верзиите.

Сега MacRumors објавуваат дека потврда за оваа промена доаѓа преку код од Apple каде се гледаат ознаките на се’ уште не претставените iPhone 16 уреди. Сите ја носат истата бројка како ознака, а бројката се користи зависно од чипот.

Тоа значи дека сите четири уреди од iPhone 16 серијата ќе работат на новиот A18 чип, кој ќе биде претставен со нив во септември.

Останува можноста Apple сепак да направи некаква разлика помеѓу „обичните“ и Pro моделите, па можно е iPhone 16 и 16 Plus да дојдат со A18 чипот, додека iPhone 16 Pro и Pro Max со A18 Pro.

Се очекува дека разликата нема да биде голема, па Pro верзијата би требало да дојде со нешто посилна графика за разлика од послабата верзија.

Причината поради која Apple може повторно да ја промени практиката е Apple Intelligence. Како што веќе е познато, новите функции со вештачка интелигенција можат да функционираат само на iPhone 15 Pro моделите, како и на компјутерите со М1 чип или понов.

Од компанијата нема да дозволат да корисниците немаат причина зошто да ги купат новите iPhone 16 телефони, па тие ќе дојдат со целосна поддршка за Apple Intelligence, а дел од тоа подразбира и повеќе RAM.

Дополнителни информации говорат дека Apple во иднина планира да претстави Apple Intelligence+ пакет за кого корисниците ќе треба да плаќаат. Тоа значи дека презентираните новини ќе бидат достапни бесплатно, но од компанијата во иднина планираат да наплаќаат за нови или дел од овие.

Претходна статијаApple очекува да ја зголеми продажбата оваа година поради што има нарачано повеќе чипови од TSMC
Следна статијаСтарт менито во Windows 11 добива нова лента за прикажување на информации од поврзаниот Android смартфон на корисникот
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.