Според неофицијалните информации, Apple ја има зголемено нарачката за чипови од TSMC за оваа година. Од тоа може да се заклучи дека од компанијата очекуваат зголемена продажба.
Дел од неофицијалните извори истакнуваат дека Apple планираат да продадат од 90 до 100 милиони iPhone уреди, што е повеќе во споредба со досегашните 80 до 90 милиони уреди од септември, па навака.
Очекувањата за зголемена продажба доаѓаат изгледа најмногу поради достапноста на Apple Intelligence само на поновите уреди, односно засега само iPhone 15 Pro моделите можат да ги користат новите функции.
Apple со TSMC веќе имаат договорено количина и за М4 чипот кој моментално е достапен само кај новите iPad Pro, но во втората половина од годината треба да бидат претставени и Mac компјутерите со овој нов чип.
Со iPhone 16 серијата се најавува повторна промена на поставеноста на чиповите зависно од моделот. До минатата година Apple го вградуваше истиот чип кај сите модели, но лани iPhone 15 дојдоа со претходниот чип, додека iPhone 15 Pro моделите со новиот А17 Pro.
За оваа година се најавува дека iPhone 16 моделите ќе работат на A18 чипот, кој е доста сличен на A17 Pro, но направен на поновиот процес на производство од TSMC.
iPhone 16 Pro моделите ќе работат на A18 Pro за кого се најавува дека ќе дојде со 15 до 20% подобри перформанси во споредба.