Vehicle Prototype Image 1

Google веќе одреден период работи на развој на технологија која што ќе резултира со автомобили кои што самите возат без потреба од било каква активност од страна на човекот. До сега оваа технологија беше тестирана на постоечки модели од автомобили кои што беа посебно прилагодувани со потребната опрема. Достапни се и видеа на кои што може да се види до каде е развојот на оваа технологија и што можат да направат автомобилите опремени со неа.

На Code Conference која што се одржува оваа недела во Калифорнија, Google претстави нов автомобил, направен целосно од почеток специјално за овој проект, односно наменет за самиот да вози тотално без потреба од некаква активност од човекот. Поради тоа, овој автомобил ги нема сите делови од опремата кои што се наменети за човекот, па така тој нема волан, кочница, гас педала и ретровизори. Целото возење е контролирано од страна на компјутер и разните сензори вградени во автомобилот. Поради безбедноста автомобилот има и бекап систем кој што би се вклучил доколку нешто се случи со главниот, а исто така неговата брзина сега е ограничена на околу 40 километри на час.

Vehicle Prototype Image 2

Она што е интересно кај овој автомобил, се разбира покрај фактот дека самиот вози, е неговиот дизајн. Тој не изгледа како другите автомобили, тој е мал со интересна заоблена форма. Направен е од лесни материјали и флексибилна шофершајбна што според Google обезбедува намалување на шансите од повреди во случај на несреќа. Внатре има две седишта опремени со сигурносни појаси, а нема фиоки, радио и багажник.

Се разбира ваквите автомобили, кои што не се развивани само од страна на Google, се во фаза на тестирање, ќе помине доста време пред да почнат да се користат, а ќе треба да се прилагодат и сообраќајните правила и закони.

Извор: Engadget, Google

Претходна статијаMicrosoft претстави преведувач на повиците на Skype
Следна статија”Star Wars летало” кое лебди над земјата, достапно за сите во 2017
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.