Iconic image for city streets

Проектот кој што Google го развиваат неколку години има дојдено до својот следен чекор, односно тестирање на автомобилот во градски услови, каде што има многу поголем сообраќај, пешаци, велосипедисти, раскрсници и слично. Автомобилот во основа е објаснет во самиот наслов и користејќи сензори, камери и соодветен софтвер, тој сам вози без потреба од било каква интервенција од страна на патникот, односно тоа е крајната цел која што треба да се постигне.

За тестирање на автомобилот, во него се разбира се возат луѓето кои што работат на овој проект и се погрижуваат да не дојде до несакани ситуации. Повеќе автомобили се вклучени во овој проект и тие се тестираат веќе неколку години од страна на вработените во Google.

Од видеото подолу можете да го видите напредокот на проектот, односно како тој успешно се снаоѓа во градските услови, кои што се многу посложени од условите на автопатите каде што досега беа тестирани автомобилите. Автомобилот успева дури да ги препознае гестовите на велосипедистите кои што со раката покажуваат дека сакаат да го променат правецот на движење. Во софтверот кој што го контролира автомобилот се вградени и одредени ситуации кои што се сметаат за предвидливи, како на пример застанувањето на автомобил на црвено светло, со што се подобрува неговата способност за носење „одлуки“.

Можеби нема наскоро да почнеме да бидеме патници во сопствените автомобили, како во некој од филмовите каде што е претставена замисла за иднината, но сепак овој проект го покажува потенцијалот на технологијата денес. Вакви системи може да бидат вградени во автомобилите кои што ќе се вклучуваат само во одредени ситуации, како на пример кога возачот има заспано зад воланот и со тоа ќе може да спречи сообраќајна незгода.

Извор: Google Blog

Претходна статијаNod прстен за контрола на паметните уреди преку гестови
Следна статијаLunecase футрола за iPhone која ја искористува електромагнетната енергија на телефонот
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.