Songza е сервис за стриминг на музика кој што е нешто поразличен од сличните такви сервиси, односно од Spotify или Pandora. Овој сервис го врши изборот на музиката за вас врз основа на периодот од денот, како и расположението, активностите кои што ги правите, музичкиот жанр и слични фактори, наместо едноставно бирање на песната и групата.
Со изјава од двете компании, вчера јавноста беше информирана дека Google го купува Songza сервисот, односно компанијата која што стои зад неговиот развој. Повеќе детали околу сумата на договорот моментално не се објавуваат, па остануваат само шпекулациите. Според неофицијалните информации, договорот е склучен на сума од 15 милиони долари, додека според други таа сума е зголемена неколку пати до официјалното потпишување.
Од Google информираат дека нема да прават никакви промени на сервисот, а сите вработени ќе бидат задржани и ќе останат на нивната моментална локација. Сервисот со тек на време ќе биде искористен за подобрување на Google Play Music сервисот, како и за подобрување на YouTube и други сервиси од компанијата во иднина.