После неколку години тестирање, Facebook и Instagram конечно ќе почнат да ги кријат бројот на лајкови и прегледи, но сепак не како што се очекуваше. Наместо оваа новина да им биде „наметната“ на сите, од Facebook се одлучија да ја овозможат како избор на секој корисник.

„Ние го тестиравме криењето на бројот на лајкови да видиме да би можело да го намали притисокот на луѓето на Instagram. Тоа што го слушнавме од луѓето и експертите е дека можноста да не се гледаат бројот на лајкови е корисно за некои и проблем за други, посебно поради тоа што луѓето го користат бројот на лајкови да добијат претстава за што е популарно, па затоа ви го даваме изборот.“ – истакнуваат од Facebook.

Ова значи дека како корисник ќе можете да изберете дали кога ги прегледувате објавите на Facebook и Instagram сакате или не да го гледате и бројот на лајкови, како и прегледи кај видеата. Со изборот да не се гледаат бројките, секако останува можноста да се притисне и да се видат сите кои притиснале лајк, но нема да се гледа вкупната бројка.

За да се вклучи оваа нова функција, на Instagram треба да се отиде во Settings > Privacy > Posts.

Покрај ова, Facebook и Instagram добиваат можност да се исклучи бројот на лајкови при нова сопствена објава, па корисниците нема да можат да ја видат бројката без разлика на тоа дали тие ја имаат исклучено можноста или не.

Овој избор се прави при секое објавување, а исто така може да се тргне и за постарите објави со притискање на менито до секоја од нив.

Од тоа што може да се види, оваа новина е веднаш достапна на Instagram, а на Facebook ќе биде пуштена во периодот што следи.

ИЗВОРFacebook
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаСо А1 Македонија опуштено сурфање и во роаминг
Следна статијаПолноќно разочарување (2020)
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.