Европската Унија треба да добие сопствен „Starlink“, односно конкуренција на сателитскиот интернет кој засега масовно е достапен само од SpaceX на Елон Маск.
За разлика од Starlink, европскиот интернет ќе биде овозможен од 290 сателити кои ќе бидат поставени во ниска и средна орбита на Земјата. Дали функционалноста ќе може да се мери со Starlink кои имаат илјадници сателити, ќе видиме кога ќе биде пуштен новиот систем.
Европската Комисија го потпиша договорот за концесија од 12 години со SpaceRISE конзорциумот кој е составен од повеќе европски компании и организации. Дел од конзорциумот се компании како SES SA, Eutelsat SA, Airbus Defence and Space, Deutsche Telekom, Orange и други.
Името на проектот, односно констелацијата од сателити e IRIS² и значи „Infrastructure for Resilience, Interconnectivity and Security by Satellite“, односно „Инфраструктура за отпорност, интерконективност и безбедност преку сателит“.
IRIS² треба да им овозможи безбедни сервиси на европските институции и владини институции, како и брз интернет на европските компании и граѓани.
Кратко кажано, IRIS² дефинитивно е европска конкуренција на Starlink, па останува да видиме каква ќе биде споредбата.