DuckDuckGo веќе одреден период не е само интернет пребарувач, па од компанијата почнаа да пуштаат дополнителни сервиси поврзани со приватноста, како и „најголемата“ од сите апликација, интернет прелистувач.

Прелистувачот од компанијата подолг период е достапен за корисниците на мобилните, а од крајот на минатата година им стана достапен и на корисниците на Mac.

Најавите дека DuckDuckGo работат на развој на прелистувач за десктоп компјутерите се уште од 2021, па очигледно е дека развојот на овие апликации одеше постепено.

Од компанијата објаснуваат зошто развојот на апликацијата за Windows била најдолга, а како главни причини се истакнуваат големиот број на различни уреди со различни компоненти, сличен проблем со други апликации на Android.

DuckDuckGo во бета верзија е достапен за сите корисници на Windows, без листи на чекање како што беше прво случајот на Mac. Апликацијата може да се симне од овој линк.

Прелистувачот од DuckDuckGo е познат по приватноста исто како и пребарувачот. За разлика од другите прелистувачи, кај DuckDuckGo сите „штитови“ се автоматски вклучени, па корисниците не треба ништо да прават.

Заштита е достапна од сите интернет „тракери“, од „fingerprinting“, страните се отвораат со шифриран протокол, достапно е автоматско бирање на приватен избор на досадните „cookie popups“ и слично.

Една функција која е достапна на Mac не е веднаш достапна на Windows, а тоа е поддршката за додатоци, но од компанијата најавуваат дека истата наскоро ќе биде додадена.

Инаку, DuckDuckGo своите прелистувачи ги прави целосно со нивни код, односно не го користат Chromium, на пример. Основата на технологијата е само од таа која се користи стандардно во оперативниот систем, а во Windows е WebKit, која е на основа на Blink од Google.

ИЗВОРThe Verge
ИЗВОР 2DuckDuckGo
Претходна статијаЦЕФТА усогласување за две нови важни одлуки
Следна статијаИзберете Samsung телевизор од 98″ и добијте супер поволности
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.