DuckDuckGo, кои започнаа како интернет пребарувач чија главна карактеристика е приватноста, со тек на годините и огромната популарност, почна да нуди уште неколку други сервиси. Од компанијата веќе подолго време имаат интернет прелистувачи за мобилните, наместо само додаток за прелистувачите како десктоп, а неодамна ја претставија и App Tracking Transparency функцијата за Android.

Од компанијата најавија дека работат на развој на интернет прелистувач за десктоп уредите, па сега на корисниците ќе им понудат целосно решение кога е во прашање сурфањето на интернет, со акцент на приватноста.

Десктоп прелистувачот ќе биде развиен за Windows и macOS, засега нема најави за Linux верзија, а една од причините за тоа е и начинот на развој на оваа апликација.

За разлика од повеќето алтернативи, DuckDuckGo нема да користи отворен код од другите прелистувачи, како на пример Chromium или Firefox. Прелистувачот ќе биде целосно од почеток развиен, единствено што ќе биде „позајмено“ е технологијата за прикажување на веб страните.

Од компанијата се имаат одлучено да ја користат главната технологија зависно од оперативниот систем, па така на Windows ќе се користи технологијата од Microsoft Edge, кој е базиран на Chromium, а на macOS ќе се користи технологијата од Safari.

Разликата и предноста во овој пристап, каде се користи само технологијата за отворање на страните, е што остатокот од прелистувачот и неговите сервиси ќе бидат целосно развиени од DuckDuckGo, па тие ќе го контролираат целосно корисничкото искуство кое би сакале да им го овозможат на корисниците.

Овој пристап од компанијата го имаат и кај својата мобилна апликација, односно на iOS функционира со технологијата од Safari, но Apple и не дозволува нешто различно, а на Android се користи технологијата од Chrome.

Тест верзија за macOS веќе се тестира од ограничен број на луѓе, а се најавува дека истото наскоро ќе биде достапно и на Windows.

ИЗВОРDuckDuckGo
Претходна статијаНова енергија во децентрализацијата: Со полна пареа кон одржлив развој
Следна статијаНовогодишни попусти и одличен шопинг зачинети со празнични вкусови и добра забава во Ист Гејт Мол
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.