Десктоп интернет прелистувачот од познатата компанија DuckDuckGo за Mac стана достапен за сите корисници. Досега прелистувачот можеше да се симне само со покана од компанијата за што се чекаше по регистрирањето за истото.

DuckDuckGo на Mac уште е во бета верзија, но истата е дополнета со нови функции во споредба со верзијата која не им беше достапна на сите корисници.

Оваа верзија донесува лента со омилени веб страни, кои може да се преземат од другите прелистувачи, можност за групирање на „табовите“, како и можност да се види историјата на сурфање која се чува локално поради заштита на приватноста.

Исто така, со оваа верзија доаѓа и автоматски избор на приватна опција од досадните информации за „колачиња“ на веб страните, тука е и Duck Player кој ја штити приватноста од персонализирани реклами на YouTube.

DuckDuckGo на Mac за кратко ќе добие и интеграција со одличниот Bitwarden сервис за чување на лозинки, а исто така преку прелистувачот може да се вклучи и новата Email Protection функција.

Од останатите функции DuckDuckGo доаѓа со вградена заштита од следење, нешто што кај другите прелистувачи треба посебно да се вклучи. Корисниците на овој прелистувач не ни имаат што да прилагодат од овој аспект, а страните кои сепак не им се отвораат како што треба, можат да бидат додадени во листа на исклучоци.

Заштитата од следење вклучува и блокирање на реклами, што значи дека нема потреба од инсталирање на додатоци, кои и така не се достапни во овој прелистувач.

Од компанијата тврдат дека нивниот прелистувач троши 60% помалку податоци во споредба со Chrome, што е показател за количината на блокирани делови од страните.

DuckDuckGo е едноставен прелистувач кој и нема нешто многу прилагодувања, па корисниците се што треба да направат е да го инсталираат и да почнат да сурфаат.  

За жал, десктоп верзијата од DuckDuckGo за Windows останува на истата најава дека ќе стане достапна наскоро, па ќе видиме кога тоа ќе се случи.

ИЗВОРDuckDuckGo
Претходна статијаСоопштение од Сојузот на средношколци по вториот ден на дојави за бомби во средни училишта
Следна статијаApple прво ќе претстави iPad на преклоп пред да претстави таков iPhone
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.