Dell во рамките на CES 2025 најави нови компјутери, а тие доаѓаат со целосно нов начин на нивно брендирање. Според компанијата оваа промена треба да го поедностави изборот за корисниците кои не ретко се откажуваат поради сложеноста, но ќе видиме колку новиот начин на брендирање ќе биде позитивно прифатен.
Од компанијата и сега имаат брендови кои се за обичните корисници, за бизнис корисниците, како и за тие кои бараат најдобри перформансите. Тука се брендовите како XPS, Inspiron, Latitude, Precision и други, кои кај новите производи веќе нема да ги има.
Поедноставниот начин на брендирање ќе биде исто така поделен според видот на корисник, па наместо сите овие брендови за кои корисникот треба да знае од која категорија се, сега ќе има три едноставни имиња, односно категории.
Корисниците сега ќе имаат избор од Dell, Dell Pro и Dell Pro Max. Ова можеби на прв поглед делува како не баш најдобра одлука, но сепак на крајот изборот ќе биде поедноставен.
Како што би се очекувало, Dell ќе бидат производи, не само компјутери, односно и монитори и слично, кои се наменети за домашните корисници. Dell Pro исто така ќе бидат производи, не само компјутери, логично наменети за бизнис корисниците, додека Dell Pro Max ќе бидат само компјутери кои доаѓаат со најдобри перформанси.
Секоја од категориите ќе има и дополнителна поделба, односно еден вид на ниво, односно ќе има основен модел, плус модел и премиум модел. Ова значи дека може да се очекуваат производи како Dell Premium или Dell Pro Plus, односно Dell Pro Max Premium.
Alienware брендот, кој е специјално наменет за гејминг производи, нема да биде дел од оваа промена, односно продолжува да биде достапен.
Од компанијата веќе претставија и производи кои доаѓаат со новиот начин на брендирање, неколку нови и одлични лаптоп компјутери, а познатиот Linus Tech Tips има одлично видео спонзорирано од страна на Dell во кое го објаснува новиот начин на брендирање и ги презентира новите компјутери.
Видеото можете да го погледнете во продолжение.