Apple официјално ја додаде својата долго очекувана апликација специјализирана за класична музика, Apple Music Classical, во App Store. Апликацијата е достапна, но уште не може да бидат инсталирана, а со притискање на копчето се добива автоматска инсталација кога ќе биде и официјално пуштена, до крајот на месецот.

Оваа апликација е резултат на купувањето на компанијата Primephonic во 2021, а тогаш најавата беше дека истата ќе биде интегрирана во Apple Music.

Apple Music Classical ќе биде бесплатна за корисниците на Apple Music, што значи нема дополнителна или посебна претплата. Исто како и главниот сервис, корисниците можат да очекуваат висок квалитет на музиката, а од компанијата најавуваат и повеќе од 5 милиони класични песни, можност за пребарување врз основа на композиторот, работата, диригентот и слично.

Дополнително, дел од апликацијата ќе бидат и биографиите на композиторите, нивни описи, информации за работата и повеќе.

Интересно е што од компанијата се имаат одлучено за посебна апликација, а не само додатен дел во Apple Music, па изгледа љубителите на класична музика во светот се многу повеќе од што некој што не слуша до толку ваква музика би помислил.

ИЗВОРMacRumors
Претходна статијаApple го нема целосно откажано развојот на Touch ID сензор под екранот
Следна статијаПромената на стилот на преводите на Netflix сега може да се прави и преку телевизорите
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.