Фото: Shutterstock.com

Нова патент апликација која е одобрена ни покажува дека Apple се немаат целосно откажано од развојот на Touch ID сензор за нивните уреди. Овој сензор сепак треба да се нагласи дека се’ уште се користи кај дел од iPad уредите, како и кај MacBook лаптоп компјутерите.

Тоа што сепак се верува врз основа на неофицијалните информации е дека Apple можно е да го врати овој сензор кај iPhone за неколку години од сега, поточно во периодот по поставувањето на Face ID сензорот под екранот. Покрај можноста Touch ID да биде поставен на копчето за отклучување, сепак се верува дека развојот оди во правец на сензор под екранот, нешто што веќе е доста напреднато кај Android конкурентите.

Информациите кои се дел од патент апликацијата покажуваат дека сензорот би работел во комбинација со оптички и инфрацрвен систем. Првиот обично се смета за побрз, но не толку безбеден, а во комбинација со инфрацрвениот би можело да се добие саканата комбинација.

Покрај за отклучување, додавањето на инфрацрвен сензор стои дека може да се користи за проценка на кислородот во крвта, пулсот и други информации, нешто што може да асоцира дека би станало дел од iPhone без потреба за Apple Watch.

Не е познато дали Apple воопшто размислува за враќање на Touch ID кај iPhone, но информациите за развој на технологијата за Face ID под екранот, некако не одат заедно со ова. Секогаш е можно од компанијата да работат на развој на повеќе технологии, па да ја користат таа која ќе се покаже подобра и попрактична.

ИЗВОРMacRumors
Претходна статијаЦЕФТА дел од конференцијата „Преку дигитализација кон нова генерација на регионална соработка“
Следна статијаApple Music Classical додадена во App Store, а ќе биде достапна од крајот на месецот
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.