Apple официјално го најави настанот на кого ќе биде претставена наредната генерација од iPhone, односно iPhone 16 серијата. Датата кога ќе се одржи настанот е 9 септември и е еден ден порано од неофицијалните најави.

Настанот ќе може да се следи во живо со почеток во 19:00 часот по македонско време, а се очекува да трае два часа. Како што е случајот изминатите неколку години, настанот е претходно снимен, а мал број на луѓе ќе можат да го следат од Steve Jobs Theatre во корпоративната зграда на компанијата.

Името на настанот е „It’s Glowtime“, со што уште сега може да се види дека голем дел од презентацијата ќе биде насочен кон Apple Intelligence, функции со вештачка интелигенција кои изгледа нема да им бидат достапни на купувачите на новите iPhone 16 од првиот ден, па тие ќе мора да почекаат до пуштањето на iOS 18.1 после неколку недели.

Покрај iPhone 16 серијата, на настанот се очекува дека ќе бидат претставени и нови Apple Watch часовници, односно Watch Series 10 и Watch Ultra 3, а тука се и AirPods слушалките.

Претходна статијаПретставувањето на iPhone 16 се очекува на 10 септември, а четири нови Mac компјутери месец дена подоцна
Следна статијаSamsung ќе го подобри искуството на спортистите и навивачите за незаборавни Параолимписки игри Париз 2024
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.