Фото: Shutterstock.com

Apple се договори со Европската Комисија и со тоа избегна висока казна поврзана со повеќе годишен проблем, односно недозволувањето на пристап до NFC чипот кај iPhone освен за нивниот Apple Pay.

Од компанијата се имаат обврзано пред Комисијата да дозволат пристап до овој чип и за други програмери, односно за апликациите од други системи. Со ова се отвора можноста корисниците на iPhone да можат да користат алтернативни системи, а не само Apple Pay.

Дали и кои системи би станале достапни ќе мора да почекаме да видиме, како и тоа дали ова отворање ќе биде достапно и во Македонија или стриктно само во земјите членки на ЕУ.

Apple се имаат обврзано дополнително да дадат пристап до трета страна која ќе ги проверува договорените работи, а и ќе ги решава можните проблеми со програмерите.

Покрај пристапот до NFC чипот и можноста за алтернативни системи за наплата, Apple логично ќе мораат да им овозможат на програмерите и пристап до Face ID и сличните системи кои се користат при наплата.

Исто така, програмерите ќе треба да добијат пристап до можноста за искористување на NFC чипот и кога уредот е заклучен и поставен до читач за наплата, како и до можноста за активирање на овој систем со двојно притискање на копчето.

ИЗВОРEngadget
ИЗВОР 2EK
Претходна статијаMicrosoft се откажа од своето место во одборот на директори во OpenAI
Следна статијаАнкета: Површни информации од медиумите и паушални изјави од институциите
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.