Microsoft го повлече својот претставник и се откажа од местото во одборот на директори на OpenAI. Местото во одборот кое го имаше Microsoft беше без право на глас, односно истото повеќе претставуваше позиција за набљудување.
Ова место Microsoft го доби при крајот на минатата година по „драмата“ која се случи со ненадејното бркање на директорот Сем Алтман од OpenAI, па негово повторно назначување од страна на целосно променетиот одбор.
Причината поради која Microsoft се откажува од своето место најверојатно е поврзана со можните истраги кои се подготвуваат од страна на регулаторните тела во неколку земји. Од компанијата се огромен инвеститор во OpenAI, па се поставува прашањето за нивното влијание на работата.
Информирањето за работата на OpenAI сега ќе се прави преку почести состаноци за акционерите.
Според информациите, Apple се имаат откажано од плановите да постават свој член во одборот на OpenAI, а од истите причини поради кои Microsoft се откажаа од своето.
Apple ќе имаат голема соработка со OpenAI, а тоа го видовме по најавата на Apple Intelligence која во одреден дел функционира со ChatGPT.