Shutterstock.com

Microsoft се приклучува на големите компании кои во главно имаат дел кој работи на истражување поврзано со Вештачката Интелигенција. Тие тоа ќе го направат преку инвестирање на 1 милијарда долари во OpenAI, која почна како непрофитна организација.

Со инвестирањето во оваа компанија Microsoft ќе ги понуди и своите Azure сервери чија процесирачка моќ може да се користи за истражувањата на кои работат од OpenAI. Од друга страна тие ќе можат да ги користат развиените технологии од страна на оваа организација за развој на сервисите во Azure.

Она по што е позната OpenAI е што еден од основачите на организацијата е Елон Маск. Оваа организација се обидува да развие Вештачка Општа Интелигенција, која на кратко може да се опише како интелигенција како таа на човекот.

Тоа би значело дека вештачката интелигенција ќе може самата да учи и да напредува од сопственото искуство и тоа да го пренесува како способност во повеќе области.

Сепак, ова ниво на вештачка интелигенција нема консензус дека воопшто може да се постигне. Предвидувањата тврдат дека најрано кога тоа би можело да биде постигнато е во 2099 година, но може да се најдат повеќе анализи на оваа тема.

ИЗВОРMicrosoft
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаDropbox Transfer е нов сервис кој овозможува испраќање до 100GB големи датотеки
Следна статијаWhatsApp станува достапна на KaiOS – оперативен систем кој се користи за уредите како Nokia 8110
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.