Dropbox е еден од најпознатите сервиси за чување на датотеки во „облакот“. Овој сервис има одлична понуда и за многу тој е најдоброто на пазарот.

Од компанијата на почетокот од овој месец почнаа со тестирање на нов сервис наречен Dropbox Transfer кој на корисниците ќе им овозможи испраќање на големи датотеки, до неверојатни 100GB. Со ова Dropbox влегува во директна конкуренција на сервисите како WeTransfer со понуда која е повеќе пати поголема.

Корисниците на Dropbox и сега можат да споделуваат големи датотеки. Тие се што треба е да ги прикачат на нивниот онлајн простор и да ги споделат со кого сакаат. Разликата е што Dropbox Transfer ова го прави со испраќање на копија од датотеките, со што тој што ги испраќа нема да има потреба да размислува за нивната промена, бришење и слично.

Со други зборови, споделувањето на датотеки како што е можно сега е одлично за соработка, односно заедничко работење со тие датотеки, а сите направени промени се синхронизираат кај сите корисници кои имаат пристап до нив.

Dropbox Transfer не ја овозможуваа оваа синхронизација, со што го прави одличен за едноставно испраќање на конкретна датотека, во таа верзија и форма, односно што тоа се прави со WeTransfer.

Големината на датотеките ќе биде ограничена на 100GB, што е за најмалку 5 пати повеќе од конкурентите. Корисниците ќе можат да изберат и колку време ќе биде достапна датотеката, а ќе бидат и известени за тоа дека другата страна ја има отворено испратената датотека.

Она што овој сервис го прави уште повеќе корисен е можноста за избор на посебна позадина на посебната страна која се појавува при испраќање на датотеките. Корисниците ќе можат да го стават и своето лого, со што тие што ќе ги отвораат датотеките ќе можат да добијат навистина добар впечаток.

Засега не е познато точно за кој вид на корисници ќе биде достапен овој сервис, иако повеќе делува дека е наменет за бизнис корисници. Можно е корисниците на бесплатен простор да имаат помал лимит за испраќање на датотеки.

ИЗВОРDropbox
ИЗВОР 2Engadget
Претходна статијаROG Phone II од Asus е одличен и достоен наследник на нивниот прв „гејминг“ телефон
Следна статијаMicrosoft ќе инвестира 1 милијарда долари во OpenAI
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.