Кинеската компанија Megvii, која како стартап развива технологија за препознавање на лица, ќе им овозможи на сопствениците на кучиња можност многу полесно да ги најдат доколку тие се изгубени.

Тоа оваа компанија ќе го овозможи преку нивната апликација на која сопствениците ќе можат да ги регистрираат своите миленици, па во случај да бидат изгубени, тие ќе може да бидат препознаени од разни слики и снимки кои во денешно време се секако достапни.

Препознавањето на кучињата се прави преку нивниот нос, којшто е уникатен кај секое куче, а споредбата се прави со уникатноста на човековиот отисок од прст.

Оваа компанија веќе е позната во Кина по тоа што соработува со кинеските власти кои ја користат нивната технологија за препознавање на лица, за владиниот систем за надгледување.

Оваа соработка се истакнува како и можност за системот за препознавање на кучиња да се користи и од страна на властите, меѓутоа не за пронаоѓање на изгубени кучиња, туку за казнување на несовесните сопственици.

Како несовесни сопственици би се сметале сопствениците кои ги пуштаат своите кучиња без каивче на места каде тоа не е дозволено, како и тие кои не собираат зад своите миленици, односно кога нивните миленици ќе завршат „работа“, на тревникот, на пример.

ИЗВОРThe Verge
ИЗВОР 2Abacus News
Претходна статијаФранција ќе креира вселенска команда во рамките на армиските воздушни сили
Следна статијаFacebook прикачува скриен код во сликите за да може да ги следи од кога ќе бидат симнати
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.