Exhalation – Ted Chiang. Exhalation е една од подобрите НФ книги што сум ги читал во последно време. Авторот ја напиша и приказната според која беше снимен Arrival, можеби најдобриот НФ филм што сум го гледал последниве десет години.

Неговата најнова книга е колекција на приказни што обработуваат различни теми, како патување низ времето, слободна волја итн. Со вметнати НФ аспекти на многу иновативен начин. Понекогаш добивав Black Mirror vibe од некои од приказните, но крајниот ефект е далеку поквалитетен кога го читаш Чианг.

Во една од приказните, луѓето користат направи за снимање на својата меморија, нешто како софистицирана верзија на Гугл Глас. Преку нив, можат да прегледуваат спомени од минатото, уште од моментот кога таков уред бил ставен на нивната глава. Иако не е претерано иновативен концепт (Блек Мирор баш имаа епизода со слична тема), приказната е мајсторски склопена и е чисто уживање да се чита. Чианг е прав мајстор на својот занает и веројатно ќе читам се што ќе напише во иднина.

Човек на кој се потсеќам

Ентони Бордејн. Бордејн се самоуби пред некоја година, но се потсетив колку е неверојатен во улогата на светски патувач што коментира различни јадења од различни делови од светот. Начинот на кој раскажува е предобар и можам да бинџам цел ден епизоди од Parts Unknown и No Reservations на Јутјуб. Штета што го нема повеќе.

Најважниот изум во историјата….откриен случајно?

Immune Discovery ‘may treat all cancer’. Ако од ова искочи нешто, ќе биде една од најважните вести во историјата. Очигледно, научници од Универзитетот во Кардиф откриле метод за лекување на речиси сите видови на рак. Без тоа да има штетни ефекти на ткивото и кожата. Неверојатно.

Оставете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.