Секојдневно, сите ние користиме некој од сервисите за електронска пошта. Од почетокот на интернетот до денес се појавија многу компании со свои сервиси, но убедливо најмногу корисници успеаја да привлечат Microsoft и Google.

Тие постојано нудат надградби и новини на своите сервиси, сакајќи да им ја олеснат секојдневната употреба на корисниците.

Google најави новина кај нивниот сервис за е-пошта, Gmail. Најновата надградба ќе вклучи прикачување на други мејлови како документ со екстензија .eml.

„Корисниците укажуваат дека постојат ситуации во кои поедноставно е да се прикачат повеќе мејлови одеднаш, наместо да се препраќаат еден по еден. Со новата функционалност се овозможува праќање на една порака која ќе содржи повеќе мејлови. Кои потоа, лицето кон кое е испратена пораката ќе може да ги отвори“, изјавија од Google.

Компанијата започна со имплементација на оваа опција на 9 декември. Најавија дека ќе се одвива постепено, т.е. нема да се појави кај сите корисници истовремено.

ИЗВОРGoogle
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаGoogle Chrome 79 овозможува споделување на копираниот текст помеѓу повеќе уреди
Следна статијаApple ќе претстави повеќе iPhone телефони идната година?