Netflix минатиот месец го најави „спинофот“ од една од подобрите серии при крајот на деведесеттите, That ‘70s Show. Новата серија која е еден вид на продолжеток е наречена That ‘90s Show и се одвива во 1995 година, повторно во подрумот на Ред и Кити. Секако, Ред не е баш среќен што повторно деца ќе се собираат во неговата куќа, но тоа го прави неговиот карактер интересен.

Новата серија се врти околу ќерката на Ерик и Дона, Леа, која својот летен распуст се решава да го помине кај нејзините баба и дедо. Таа тука запознава нови пријатели, а секако нешто што повеќето го чекаат од оваа серија е враќањето на старите актери, барем на моменти.

Во новиот „трејлер“ се случува токму тоа, па можеме да ги видиме повеќето од оригиналната екипа. Тука се актерите Топер Грејс кој го игра Ерик Форман, неговата сега жена Дона Пинсиоти, односно актерката Лора Припон, се појавува и Аштон Кучер и неговиот не толку паметен лик Келсо, како и одличниот и забавен Фез, кој го глуми Вилмер Валдерама.

Ова ново видео ни открива нешто повеќе за што можеме да очекуваме од новата серија, за која се надеваме дека Netflix ја нема уништено со нивниот „модерен“ стил. Истата треба да стане достапна на 19 јануари идната година.

Претходна статијаAETM: Моменталните законски решенија го кочат растот на е-трговијата
Следна статија„Макпетрол“ не е никаков монопол – во Македонија има над 40 лиценцирани увозници на природен гас
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.