Што ако одеднаш, од необјаснива причина, процесот на еволуција се хипер-забрза? Наместо еволуција на човекот од илјадници години, постепено прилагодувајќи се на нашата средина, да почнеме да се менуваме со рапидна брзина? Која би била следната фаза од нашиот развој? И зошто се менуваме рапидно (или пак, кој не менува без да забележиме)? Интересен концепт.

Evolution (Image) е нов хорор стрип кој приказната ја сместува во овој „сетинг“. Авторите James Amush, Joseph Keatinge, Christopher Sebela и Joshua Williamson (Ј. Infurnari, J. Boyd цртачи), сите фанови на различен тип на хорор, истражуваат посебен аспект од истата приказна. Затоа и впрочем приказната следи неколку карактери – калуѓерка, доктор и девојка чии починати родители поседуваат илјадници филмови за кои чуден интерес покажува маалски постар богаташ – кои забележуваат појавување на монструозни деформации/мутации кај одредени луѓе, но се чини како останатите да не го гледаат истото. Постои нешто чудно и језиво во целата приказна, но е суптилно, незабележливо за останатите. Можно е да не сме свесни за како се менуваме, макар и промените да се радикални? Затоа и впрочем еден од главните ликови, Доктор Ли, го сметаат за луд теоретичар на глобални заговори. Впрочем, ова делумно го збунува и самиот читател. Не сме сигурни баш што се случува, ниту пак дали воопшто не е се во главата на неколку ликови. А да, стандардно, имаме и чуден мрачен култ (Praegressus) кој го повикува или обожува што и да е тоа што ги мутира/обзема луѓето.

На страна приказната, цртежите на Joe Infurnari и Boyd наликуваат на нацрти, но и те како ја доловуваат „мрачноста“ на самата идеја за наметната/забрзана еволуција која го мутира човекот на начин кој воопшто не е ни лесно да се опише.

Оценка од Geekedoutnation: 8.3/10, што е одлично и од аспект на приказна и од аспект на art. Првиот број е издаден на  15 ноември, 2017 и првиот „volume“ содржи 6 броја. За фанови на Lovecraft, body horror и генерално end-of-the-world „сетинг“ на хорори, Evolution е добра препорака.

Претходна статијаInstagram подготвува нови кул функционалности?
Следна статијаПроширувањето на Wizz Air во Европа достигна нов рекорд