Регистрирај се веднаш и гледај бесплатно“ – првиот регионален стриминг сервис Pickbox NOW во текот на април нуди пристап до три врвни серии кои ги воодушевија гледачите, потребно е само бесплатно да се регистрирате. Британската шпионска серија снимана на неколку локации во Загреб, потоа провокативната скандинавска серија за замките на луксузниот живот, како и шокантната документарна серија за најпознатото грабнување на светот – по една епизода од секоја серија ќе им биде достапна на сите регистрирани на Pickbox NOW сè до 30 април. Еве што треба да знаете за овие феноменални серии.

НАТАША КАМПУШ: ЦЕЛ ЖИВОТ ВО ЗАТВОР (NATASCHA KAMPUSCH: A LIFETIME IN PRISON)

Како е да се поминат 3069 денови во заробеништво? Одговорите ги дава оваа документарна серија за најпознатото грабнување на светот, а своите искуства ќе ги раскаже токму Наташа Кампуш лично.

ДОСИЕТО ИПКРЕС (THE IPCRESS FILE)

„Досието Икпрес“ е британска шпионска трилер серија за студената војна, сместена во 1963 година, за време на Студената војна. Атмосферична, силна и уверлива, оваа серија ќе ги воодушеви сите обожаватели на крими и шпионските серии. Во средиштето на дејството е Хари Палмер, бивш криумчар кој неволно станува шпион, се наоѓа во средиштето на опасна тајна мисија во којашто мора да ги употреби своите врски за да го најде исчезнатиот британски нуклеарен научник.

ИЗЛЕЗ (EXIT)

Како живее норвешката елита и дали златото е навистина сè што сјае? Скандинавската серија „Излез“ е модерна драмска серија која се заснова на вистинска приказна и го открива мрачниот, скриен, супербогат свет на хедонизмот. Ексклузивниот свет на богатата елита на Осло е претставен преку четворица пријатели кои имаат апсолутно сè што ќе посакаат – освен излез од сопствената кожа. Скриено и ексклузивно, но и мрачно и ненормално, оваа серија го открива светот на богатите Норвежани.

ЕДИНСТВЕН СТРИМИНГ СЕРВИС

Првиот стриминг сервис во регионот Pickbox NOW може да се пофали со премиери на серии, хит серии како Момците од Медисон (Mad Men), Промоторка (Flack) и бројни други, интересни шпански серии како Два живота (Two Lives) и Шест сестри (Six Sisters), а и многубројни британски, крими, детективски и мистериозни скандинавски серии. Освен тоа, нуди и бројни фестивалски европски филмови, што значи дека можат да се гледаат најквалитетните и најновите европски филмови, како наградуваниот литвански филм Во бегство (Runner) или феноменалниот албански филм Отворена врата (Open Door). Pickbox NOW е достапен ширум регионот, а сите серии и филмови се преведени со титлови.

Претходна статијаApple ја закажа WWDC 2023 конференцијата која ќе се одржи од 5 до 9 јуни
Следна статијаЗапочнат развојот на OLED панелот кој треба да се користи кај MacBook Air во иднина