Како што е многу често случајот, работи кои се веќе одамна стандардни за другите производители, кај Apple се голема работа која постепено се воведува. Конечното користење на OLED панели кај екраните од своите компјутери навистина е голема вест и ќе направи голема разлика кај едни од најдобрите уреди на пазарот.

Досега можевме да прочитаме дека Apple за идната година планира да почне да користи OLED панели кај iPad Pro уредите, а поради тоа тие ќе имаат и прилично голема разлика во цената од досегашните модели.

Покрај промената на панелите кај iPad Pro, се очекува истото да се случи и со MacBook компјутерите, почнувајќи со MacBook Air.

Најновите неофицијални информации, кои ги објавува The Elec, откриваат дека развојот на потребниот панел за 13,3 инчниот MacBook Air веќе е започнат, а работата ја има добиено Samsung Display.

Оваа компанија го има добиено и развојот на дел од панелите за 11 инчните iPad Pro модели, додека главната нарачка за овие уреди е кај LG, кои сепак немале капацитет да го добијат и развојот на панелот за MacBook Air.

Не е точно познато кога може да се очекува првиот MacBook Air со OLED екран, па верувањата се дека тоа може да се случи идната година. Овој модел би бил еден вид на тест пред претставувањето на OLED верзии и кај MacBook Pro серијата.

Овие уреди од Apple веќе се едни од најпопуларните на пазарот, па конечното префрлување на OLED технологијата, ќе ги направи уште подобри и тешки за конкурирање.

ИЗВОРMacRumors
Претходна статијаПрвиот стриминг сервис во регионот бесплатно достапен во април
Следна статијаGoogle Chrome конечно добива „режим за читање“, но не каков што би очекувале
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.