Неодамна ни дојдоа одлични вести за комбинација од соништата: на стриминг сервисот Pickbox NOW дојдоа Viaplay Select серии, односно оригинални содржини од познатиот скандинавски сервис Viaplay.

Дури 12 наслови се достапни уште од сега на сервисот, а ние ги издвојуваме оние најнапнатите и доволно интригантните за да заинтересираат баш секого.

Фенрис: Големиот волк (Fenris)

Дете од малото норвешко гратче Остбигда исчезнува и сите жители мислат дека го убил волк. Во меѓувреме, во истиот град доаѓа Ема (Ида Елисе Брох) во потрага по татко ѝ, научник кој ги проучува волците. Наскоро се соочува со морничава глетка – татко ѝ го нема во нивната куќа, а сè што останало зад него е крвава јакна. Баш како и момчето, татко ѝ на Ема станува исчезнато лице поради кого се отвора нова истрага.

Наташа Кампуш: Цел живот во затвор (Natascha Kampusch – A Lifetime in Prison)

Оваа серија е создадена врз основа на вистински настан и потрага која траела долги осум и пол години, односно 3096 дена. Се работи за времето кое младата Наташа Кампуш го поминала во заробеништво по грабнувањето на 2 март 1998 година. Таа успева да побегне дури на 23 август 2006 година. Низ трите епизоди го следиме, подетално од кога било, текот на настаните: денот на грабнувањето, животот во заробеништво и конечно, нејзиното бегство и првото телевизиско интервју со кое започна медиумското лудило.

Се надеввам дека среќно стигна дома (Where were you?)

Во средно училиште е силувана тинејџерката Моника (Маја Ида Тиле), а нејзината најдобра пријателка Луис (Филипа Наварана) одлучува да го најде нејзиниот силувач за да го доведе до правдата. Ситуацијата се компликува кога доказите укажуваат на симпатијата на Луис.

Под површината (Below)

Животот може да се преврти во една ноќ, но сеедно мора да најдеме причина да продолжиме понатаму. Истото ѝ се случува на Фани (Марија Аустгулен) која доживува сообраќајна несреќа заедно со својата најдобра пријателка која починала од последиците. Фани преживува и останува неподвижна, а животната ситуација ја принудува повторно да се поврзе со сестра ѝ со која не разговарала со години.

Претходна статијаGIPHY ги направи своите слики подостапни за лицата со проблеми со видот
Следна статијаXiaomi ја претстави Xiaomi 13 серијата со нов дизајн, Leica леќи и Snapdragon 8 Gen 2