Со задоцнување од скоро две недели, барем според првично најавената дата, Xiaomi денеска ја претстави својата нова Xiaomi 13 серија. Оваа серија доаѓа со целосно нов дизајн и уште од прв поглед може да се види дека се работи за одлични уреди со карактеристики од највисоката класа.

Ова е втора генерација на телефони од Xiaomi која е направена во соработка со Leica и истата вклучува нови оптички и пресметковни можности, како и неколку новини кои донесуваат големи очекувања за квалитетот на сликите.

Xiaomi 13 телефоните доаѓаат со најновиот и најдобар чип од Qualcomm, Snapdragon 8 Gen 2, а Xiaomi сепак се третиот производител кој излегува на пазарот со овој чип.

Дизајнот на Xiaomi 13 е целосно нов и изгледа одлично. Xiaomi го нарекува минималистички преку кој се истакнуваат технолошките способности. Достапни се четири бои, односно бела, црна, „флора“ зелена и планинско сина.

Помеѓу двата модели има делумна разлика во дизајнот и материјалите, па така Xiaomi 13 доаѓа со рамен дизајн, напред и на задната страна, со рамни страни кои потсетуваат на iPhone стилот. Според нас ова е доста подобар изглед во споредба со другите.

Xiaomi 13 Pro е заоблен на предната и задната страна и е изработен од керамика на задната страна, додека основниот модел е направне од стакло.

Двата модели имаат верзии со кожа на задната страна со што се добива доста уникатен изглед на телефоните.

Иако во однос на моќта, двата телефони работат на Snapdragon 8 Gen 2, тие сепак се разликуваат во дел од останатите карактеристики. Xiaomi 13 доаѓа со 6,36 инчен AMOLED екран и резолуција од 2400 на 1080 пиксели, како и 120 херци стапка на освежување.

Xiaomi 13 Pro доаѓа со 6,73 инчен AMOLED екран со резолуција од 3200 на 1440 пиксели, но овој е со LPTO технологија, што значи дека стапката на освежување од 120 херци е прилагодлива.

Двата модели доаѓаат со LPDDR5X RAM и UFS4.0 простор за податоци, а изборот е од 8 до 12GB RAM и од 128 до 512GB простор за податоци.

Xiaomi 13 Pro доаѓа со 50 мегапикселна главна камера и големина на сензорот од 1 инч, 50 мегапикселна камера за сумирање до 3,2 пати и оптичка стабилизација, 50 мегапикселна ултра широка камера, како и селфи камера со 32 мегапиксели.

Xiaomi 13 моделот доаѓа со 50 мегапикселна главна камера, но со помал сензор, 10 мегапикселна камера за зумирање до 3,2 пати и оптичка стабилизација, како и 12 мегапикселна ултра широка камера. Селфи камерата е истата со другиот модел, односно има 32 мегапиксели.

Камерата за зумирање кај Xiaomi 13 Pro доаѓа со „лебдечки“ леќи кои овозможуваат многу подобро фокусирање.

Телефоните, резултат на соработката со Leica, доаѓаат со два естетски стилови, Leica Authentic Look и Leica Vibrant Look. Овие режими на сликање се надградени со подобра поддршка на бои, а од Xiaomi истакнуваат дека тие успеваат да соберат до 25% повеќе бои.

Xiaomi 13 Pro доаѓа со батерија со капацитет од 4820 mAh и полнење со 120 вати. Ова е веќе одамна карактеристично кај кинеските производители, па останатите делуваат како да се години назад. Полнењето од 0 до 100% се прави за само 19 минути, а и безжичното полнење не е лошо со 50 вати.

Xiaomi 13 доаѓа со батерија со капацитеет од 4500 mAh и полнење со 67 вати кое овозможува полнење од 0 до 100% за 48 минути. Безжичното полнење е исто, односно со 50 вати.

Цените на овие два телефони се можеби и најинтересниот дел. Xiaomi 13 Pro треба да се продава по цена од 720 долари, барем во Кина, додека Xiaomi 13 ќе се продава по цена од 570 долари.

Кога ќе се земат во предвид карактеристиките на телефоните, ова се навистина одлични цени.

ИЗВОРEngadget
Претходна статијаИзлегоа еден куп нови скандинавски серии кои се гледаат во еден здив
Следна статијаWindows 11 22H2 има неколку „сокриени“ теми наменети за корисниците од образовните институции
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.