Најпознатиот сервис за кратки анимирани слики, односно „гиф“ слики, GIPHY, воведе нова функција која ќе овозможи корисниците со проблеми со видот да можат да знаат за каква слика се работи.

Ова ќе се постигне со воведување на алтернативен текст на сликите кој ќе може да биде прочитан од страна на алатките кои ги користат овие лица, како на пример читачи на екранот.

Овие алатки го читаат „на глас“ текстот од екранот, па корисниците на тој начин можат да го користат компјутерот.

Оваа новина е направена во соработка со компанијата Scribely кои не користат автоматско генерирање на опис, кој обично е краток и не доволно јасен. Од компанијата посебно ја опишуваат секоја слика, со што се добива точно објаснување.

Се додава дека од компанијата земаат во предвид која е целта на една гиф слика и која може да е причината поради која е испратена. Кратко кажано, луѓе ја интерпретираат и објаснуваат секоја гиф слика.

Преку API алатката и други компании ќе можат да ги поврзат своите алатки за лицата со проблеми со видот и да пристапат до алтернативниот текст на сликите.

Не сите слики ќе имаат алтернативен текст, сепак се работи за огромна бројка, но затоа најпопуларните слики кои се споделуваат ќе бидат вклучени.

ИЗВОРEngadget
ИЗВОР 2Medium
Претходна статијаСоздадете добри еко-навики оваа зима
Следна статијаИзлегоа еден куп нови скандинавски серии кои се гледаат во еден здив
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.