Летото не е завршено! Pickbox NOW носи прекрасни лесни летни филмови и серии. Затоа, продолжете го летното чувство и уживајте во одморот, леснотијата и топлината. 

Сурфери

Јавнете го бранот на новата сурферска серија на Pickbox NOW! Во фокусот на приказната се претприемчиви сурфери инспирирани со времето на основањето на сурферските бендови како Рип Курл и Куиксилвер. Снепер (Бен О’Тул) и Тротер (Шон Кинан) се пријатели што работат заедно на костуми за сурфање, но се скаруваат и стануваат огорчени противници. Носталгијата по седумдесеттите и сензуалниот поглед на сурфот се идеална комбинација за летна серија.

Летно вино

Романтичен летен филм за една група интересни луѓе чии судбини се преплетуваат. Џејмс ја напушта адвокатската кариера и решава да се посвети на актерството. Неговата девојка Брит го напушта, па Џејмс спонтано се упатува кон Барселона, каде во една книжарница го запознава драматургот Лукеси. Лукеси е во врска со младата Вероника, но уште има чувства кон старата љубов и одамна изгубената муза Елиза. Дејството се одвива во волшебната Шпанија, што му дава посебен летен шарм на филмов.

Чувари на светилникот

Сместен во 1912 година во Кејп Код, овој необичен филм го следи светилничарот Сет (Ричард Драјфус) што се одрекол од какви било односи со жените. Плановите му ги расипуваат две згодни дами што летото се доселуваат во соседната колиба. Носталгично, романтично и летно!

Љубов, меурчиња и кристален залив

Романтична комедија што ги има сите вистински состојки! Во фокусот на приказната е Скај, која прави и продава препарати за купки. Работата ѝ е многу успешна, а кога нејзината љубов од детството доаѓа да ѝ помогне во работата, Скај прво одбива, но наскоро почнуваат да летаат искри…

Љубовни приказни во Сончогледовата Долина

Романтичен филм што се врти околу Кејт, млада помошничка уредник во весник во којшто сака и самата да стане новинар. Кејт предлага идеја што веднаш ѝ се допаѓа на уредничката, но друг новинар, Дру, добива задача да ја напише приказната. А Кејт добива задача да оди со него како помошничка. Работејќи заедно откриваат низа топли љубовни приказни во гратчето, но дали љубовата на сите нив ќе ја инспирира и нивната љубов?

Гледајте летни филмови и серии само на Pickbox NOW и уживајте во летното чувство.

Претходна статијаHUAWEI WATCH GT 3 Pro е најдобриот паметен часовник за 2022-2023 година според EISA
Следна статијаЗапочна 15-та јубилејна Меѓународна графичка работилница „Софија“ во Богданци