Феноменалната нова серија Барони (Barons, 2022 – ) на 15 јули доаѓа на Pickbox NOW. Во срцето на акцијата е група најдобри пријатели кои, инспирирани од океанот, создаваат нешто што ќе стане култен трговски бренд за сурфање.

СЕНЗУАЛЕН ПОГЛЕД НА СУРФОТ

Сместена во Австралија во 1970-тите, серијата Барони (Barons) ќе ве воодушеви со својата инспиративна приказна и сурферска контра култура во судир со маркетингот и трговијата. Оваа серија за сурфање прекрасно ја прикажува многу специфичната австралиска сурферска култура која се појави во седумдесеттите. Начинот на кој е снимена дава импресивен и сензуален поглед на тоа време.

ЗА ШТО СЕ РАБОТИ?

Во фокусот на приказната се претприемничките сурфери инспирирани од времето кога настанале брендовите за сурфање како Rip Curl и Quiksilver. Снапер (Бен О’Тул) и Тротер (Шон Кинан) се пријатели кои работат заедно на создавање костими за сурфање, но се скаруваат и стануваат лути ривали. Тротер ѝ кажува на својата свршеница Трејси (Џилијан Нгујен) дека сака да направи подобра облека за сурфање, а тоа да не се вообичаените шорцеви кои се носеле порано. За него, тоа не е само практична потреба, туку идеја заснована на “летото кое трае вечно“.

НОСТАЛГИЈА ПО СЕДУМДЕСЕТТИТЕ

Брилијантно снимена и забавна, серијата Барони (Barons) е приказна за ривалството меѓу пријателите сместена во опојните денови на раните седумдесетти. Чувствително и суптилно истражува многу прашања како што се расизмот и сексизмот и допира до раните денови на движењето за социјална правда.

Ова е заводлива драмска серија со одлична глума и веродостојна приказна. Славењето на носталгијата по седумдесеттите е во сржта на оваа серија, а актерската екипа е фантастична. Шареноликата актерска екипа е составена ода Шон Кинан, Бен О’Тул, Џилијан Нгујен, Хантер Пејџ-Локард, Софија Форест, Кетрин Ван-Дејвис и Себастијан Танг.

Јавнете на бранот на новата сурферска серија Барони (Barons) само на Pickbox NOW на 15 јули!

Претходна статијаMicrosoft може да ја продолжи поддршката за Windows 7 за уште три години
Следна статијаSnapchat започна со тестирање на пристап до разговорите преку веб