Очигледно, во последните неколку години има хиперпродукција на квалитетни ТВ серии (TV shows). Гледање серии е веќе сериозно хоби – бара сериозно време и енергија. Кое дел од нас со задоволство го „инвестираме“ секој ден.

Еве одлични 10 препораки (редоследот нема никакво значење):

  1.  In The Flesh  

    Едни од најдобрите серии – од сценографија, до глума па се до приказна – потекнуваат од Британија. НФ драмата со зомбиња кои се обидуваат да се реинтегрираат во општеството, In The Flesh, е една од нив. Оригинален сетинг преку кои се обработуваат теми како сексуалната слобода, младешката бунтовност, дискриминација и конзервативните вредности. Rotten tomatoes rating: 94%

  2. X-Files

    Нема потреба од посебно intro за X-Files, серијата од раните 90-ти (поточно, 93′) која многу од нас не воведе во концептот на научна фантастика. На задоволство на сите, по неколку години пауза, агентите/детективите Молдер и Скали се вратија на сцена во 2016 година со нова 10та сезона (излезена е и 11-та сезона, а се работи и на 12-та).

  3. Utopia

    Utopia ми е омилена серија (заедно со Hannibal, која не се наоѓа на оваа листа). Најверојатно најамбициозна од аспект на кинематографија, фотографија и музика (за што Christopher Tapia De Veer има добиено огромен број награди), Utopia има 2 сезони кои мора да ги погледне секој фан на научна фантастика. Особено ако ве влечат и теории на заговор. А и да не ве влечат.

  4. Black Mirror 

    За old school фанови на Twilight Zone, Black Mirror е одлична модерна алтернатива.

  5. Westworld 

    Серија на HBO на Johnathan Nolan и Lisa Joy од 2016 базирана на истоимениот филм од 1973 година. Со една реченица, што значи да се биде „човек“. Must watch.

  6. Dark 

    Прекрасна нова германска серија која го обработува парадоксот со патување низ времето. Од саундтрак до глума и „тон“ на серијата, Dark заслужено си има 87% рејтинг на Rotten Tomatoes. Со нетрпение ја чекаме втората сезона на Netflix.

  7. Final Space 

    За фанови на Futurama, или Rick & Morty, Final Space е супер нова цртана серија на Netflix. Лично, мислам дека има потенцијал да биде подобра од двете.

  8. American Gods

    American Gods е серија на Starz базирана на истоимената новела на великанот во НФ светот, Neil Gaiman. Симболична борба помеѓу старото и новото, конзервативното и модерното, олицетворено преку интересни Богови – ние, луѓето, немо набљудуваме или имаме споредни улоги.

  9. ОА

    Тешко се објаснува оваа серија. Мистерија измешана со научна фантастика и фантазија на одличната Brit Marling која е и главна улога. Ја чекама втора сезона. Не е за секого.

  10. People of Earth 

    За крај, нешто поведро. НФ комедија. 

Претходна статијаСинхронизирајте ги Вашите контакти со LinkedIn профили за да бидете еден чекор пред сите за работното место
Следна статијаGoogle ја гаси Google+ друштвената мрежа за обичните корисници
Крипто-ентузијаст и љубител на СФ и хорор стрипови.