Иако почетокот беше со проблеми кои ја одложија официјалната продажба на Galaxy Fold од Samsung од мај до септември, сепак уредот почна да се продава и досега не можевме да прочитаме за некои посериозни проблеми.

Овој тип на уреди мислам дека нема сомневање дека ќе ја претставуваат наредната револуција во мобилните уреди, но сепак ќе причекаме уште малку, да се усоврши технологијата и да паднат цените кои сега се поблиску до 2.000 долари.

Според информациите до кои има дојдено корејскиот The Bell, Samsung веќе работи на втората генерација од Galaxy Fold која секако уште нема име, но наводно внатре во компанијата го има кодното име „Bloom“.

Многу информации за што ќе може да се очекува од втората генерација нема. Информациите кажуваат дека Samsung би го претставил уредот идната пролет, а се немаат решено за големината на екранот.

Моментално Galaxy Fold доаѓа со екран со големина од 7,29 инчи кога е отворен, а од Samsung за наредната генерација ги зимаат во предвид големините од 6,7 и 8,1 инч.

Според мене, може не е лошо наредната година да отидат со нешто поголем екран, така кога уредот е отворен ќе биде навистина со големина од таблет компјутер, додека помал нема да може да ја понуди предноста која доаѓа со екраните кои се превиткуваат.

ИЗВОРPhoneDog
ИЗВОР 2SamMobile
Претходна статијаSamsung идната година ќе претстави смартфон со камера под екранот
Следна статијаСензорот за отпечатоци во Galaxy S10 и Note10 има безбедносен пропуст за кој Samsung спрема исправка
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.