Сите случувања во светот на технологијата последниве неколку години укажуваат на една работа – дека ние живееме на почетокот на ерата на „вештачка интелигенција“. Огромен доказ за тоа е и домот на еден од најголемите луѓе во светот на технологијата, извршниот директор на Facebook, Марк Цукерберг, кој има направено сопствен систем со вештачка интелигенција, сличен на помошникот на IronMan, “Jarvis”.

Верзијата на Цукерберг секако не е толку моќна како таа на IronMan – ова не е некој имагинарен свет. Но, Марк ја научил на неколку интересни трикови. Основните трикови ги можат многу други системи за вештачка интелигенција, како на пример пуштање песна, подесување на температурата и светлината во домот само со говорна команда. Сепак, неговиот систем може и многу повеќе. Така, тој може сам да препознае познати лица на влезната врата и да ги пушти без интервенција од Марк, односно да му помогне да избере облека за секој ден. И сето ова е испорачано со кул гласот на Морган Фримен или на “Jarvis” од IronMan.

Според Цукерберг, вештачката интелигенција е многу близу, но и многу далеку. Ваквите компјутери наскоро ќе почнат да ги возат нашите автомобили, ќе наоѓаат лекови за болести, ќе откриваат планети, ќе вршат длабоки анализи итн. Од друга страна, научниците сѐ уште не можат дефинитивно да одлучат што е вистинска интелигенција. Поточно, можностите на вештачката интелигенција се веројатно сѐ уште далеку од тие на луѓето, односно таа и натаму е далеку од тоа да биде свесна за самата себе.

“Jarvis” на Марк Цукерберг е инаку сопствен проект и него не очекувајте да го видите како продукт на Facebook наскоро. Сепак, Марк најави дека има место на пазарот за подобрен дигитален асистент, а споредено со конкуренцијата од Google, Microsoft и Apple, а ние веќе знаеме дека и неговата компанија вложува во развојот на вештачка интелигенција.

Извор: CNET, Recode, The Verge

Претходна статијаБезбеден и персонален Cloud со Network Attached Storage (NAS)
Следна статијаЕлон Маск ќе гради тунели за подземен сообраќај