Секој ден се случуваат стотици промоции на нови гаџети, графички картички, видео игри, камери и др. технолошки уреди.

За да го одвоиш квалитетното од просечното, ти требаат веродостојни извори на кои можеш да им веруваш. Лесен и брз начин за да се увериш во квалитетот на смартфонот или таблетот што сакаш да го купиш е со следење на некои познати Јутјубери – ентузијасти за технологија.

Од таа причина, издвојуваме неколку канали (по рандом редослед) кои можат да ти помогнат во изборот.

MKBHD (Marques Brownlee)

Еден од најпознатите Јутјубери кој објавува рецензии на телефони, таблети, дури и на Тесла автомобили. Пред некое време објави популарно интервју со Елон Маск во една од фабриките на Тесла. Човекот прави одлични видеа (квалитетот на продукција е екстремно висок) кои не се многу долги, а се преполни со корисни информации.

Unbox Therapy

Можеби најдобриот и најпопуларен извор на рецензии. Ако сакате да купите нов смартфон, проверете дали имаат рецензија за него. Во секоја нова епизода отпакуваат некој нов гаџет и го тестираат неговиот квалитет. Видеата се на некој чуден начин интимни, како да се наоѓате во собата во која се снима – чувството е како да ви говорат вам лично. А впрочем, тоа е нивната цел.

The Verge

Освен што ги пренесуваат најновите вести и случувања од светот на технологијата (најчесто од прва рака), The Verge имаат и серијал во кој прават рецензии на секакви технолошки уреди. Како што се очекува од една голема и професионална организација, нивната продукција е со врвен квалитет.

Austin Evans

Ако сакате да „гејмате“ тогаш ова е човекот што треба да го следите. Неговите видеа, помеѓу останатото, нудат совети за склопување на квалитетна гејминг машина и купување на нова графичка картичка. Понекогаш прави и рецензии на видео игри, но исто така и на слушалки и смартфони.

Претходна статијаHuawei делеше Power Bank батерии на Apple фановите кои во редица чекаа да ги купат најновите модели
Следна статијаШто значи QLED во Samsung QLED телевизорите?