Една од најголемите критики по пуштањето на Windows 8, беше немањето можност за бирање во која околина сакате да го стартувате вашиот компјутер. Тој стандардно се стартуваше во Start екранот. Поради слабата популарност на Start екранот, посебно кога првпат беше претставен, многу од корисниците бараа кога компјутерот се стартува да носи директно во десктоп околината, или барем да се има можноста секој корисник да го направи изборот.
Оваа можност Microsoft ја воведе во новата верзија на Windows, 8.1, што беше претставена минатата недела. Start екранот сеуште стандардно е околината во која што ќе се стартува вашиот компјутер, меѓутоа сега постои можноста да ја изберете десктоп околината. Изборот на десктоп околината како стандардна околина при стартување на Windows се прави многу едноставно, па се што треба да направите е да ги следите следните 2 чекори:
1. Со десен клик, кликнете на Taskbar-от, па од менито што ќе ви се отвори, кликнете на Properties. Со тоа го отворате Taskbar and Navigation properties менито, кое се отвора во посебен прозорец.
2. Изберете ја Navigation лентата, па подолу во Start Screen делот чекирајте ја опцијата до која што пишува “When I sing in or close all applications on a screen, go to the desktop instead of Start”.
Нареден пат кога ќе го вклучите компјутерот истиот ќе стартува директно во десктоп околината.