Од 1997 година, кога е формиран Amazon, Џеф Безос објавува годишни писма до своите акционери во кои споделува негови размислувања и ја информира јавноста за случувањата во фирмата. Писмата се задолжително четиво за сите кои го следат бизнисот и економијата.

Еве ги најинтересните делови од последното Писмо со мој коментар.

Прво, и покрај феноменалниот (и несопирливиот) успех на Amazon, Безос го почнува Писмото со параграф дека ништо не е загарантирано засекогаш. „Потрошувачите нема да дозволат“ да тераш на „стара слава“ во бизнисот. Целиот цитат е одличен.

„Една работа што ја обожавам кај потрошувачите е што никогаш немаат статични очекувања – тие секогаш се зголемуваат. Таква е природата на човекот. Не сме излегле од фазата на ловци и собирачи на плодови бидејќи сме биле задоволни. Луѓето имаат незаситен апетит за подобро и вчерашнотно „вау“ е денешно „стандард“. И го гледам овој циклус на подобрувања како се случува по стапка побрзо од било кога претходно.

Потоа пробува да даде одговор токму на клучното бизнис прашање – како постојано да ги задоволувате успешно потребите и очекувањата на пазарот и потрошувачите. „Не постои еден начин – комбинација е од повеќе работи“ и потоа се фокусира на клучната состојка – високи стандарди (на секое ниво).

Што значи и како се постигнуваат „високи стандарди“?

Прво, Безос е убеден дека тие „не се вродени, туку се учат“.

„Всушност, луѓето се доста добри во учење на високи стандарди на работа едноставно преку exposure. Високите стандарди се „заразни“. Донесете нов човек во средина со високи стандарди, и тие брзо се прилагодуваат. Но и обратно е точно. Ако преовладуваат ниски стандарди, тие исто така брзо ќе се рашират.“

Второ, високи стандарди се domain specific. Ако сте добри во едно нешто, не сте добри во се. Што е квалитет и висок стандард треба одново да научите во било кое поле. Посебна важност Безос дава на оваа лекција бидејќи е важна за човек да остане скромен (и гладен).

Трето, човек треба да биде способен да препознае што е квалитет, во конретниот домеин и да биде реален колку е потребно да се постигне тоа ниво (recognition & scope).

На кратко ги објаснува сите елементи и го завршува Писмото со достигнувањата на Amazon во 2018 (на пример, после 13 години, Prime веќе има над 100 милиони претплатници, во тешка конкуренција).

Со цел да не се заборави откаде почна Amazon и нивниот успех да не се зема здраво за готово, Безос на секое годишно обраќање до акционерите го прикачува и првото Писмо од 1997.

И како што вели тој, за него и за Amazon се’ уште е ден 1. Така се освојува светот.

Претходна статијаКампањата „БЕЗ ИЗГОВОРИ“ на РСБСП успешно спроведена во осум градови ширум земјата
Следна статијаGlass – одличен крај на одлична трилогија
Крипто-ентузијаст и љубител на СФ и хорор стрипови.