Која и да е причината да не сакате одредена личност од вашата листа на пријатели да може да види кога сте вклучени на Facebook, можноста да се „сокриете“ постои. Се разбира ја имате и можноста целосно да го исклучите „четот“, односно никој да не може да види кога сте вклучени, но за тоа во друга статија.

Постојат два начина да го исклучите четот. Ќе ги објасниме двата, затоа што иако едниот начин сигурно е полесен и побрз, сепак ќе има ситуација во која ќе мора да го користите вториот начин.

Начин 1

На листата на пријатели кои се вклучени, односно на лентата за чет на десната страна, кликнете на пријателот за кого што сакате да го исклучите четот. Ќе ви се појави стандардното прозорче за разговор. На горниот десен дел од прозорчето, веднаш до X знакот, кликнете на Options. Треба да кликнете на третата опција на која што пишува Turn Off Chat for „името на вашиот пријател“. Вашиот пријател веќе нема да може да види кога сте приклучени, односно кога сте онлајн.

Facebook chat off

Начин 2

Овој начин би ви бил покорисен од првиот во случај да пријателот од кого сакате да се сокриете не е моментално вклучен и поради тоа не е во листата на пријатели на чет лентата.

На најдолниот дел од четот веднаш до лентата за пребарување (Search) притиснете на Options копчето. Потоа притиснете на Advanced Settings. Ќе ви се отвори посебен прозорец наречен Advanced Chat Settings. Доколку веќе не ви е притиснато, направете го тоа на радио копчето каде што пишува Turn on chat for all friends except… Тука едноставно ќе ги внесувате имињата на пријателите кои што сакате да бидат на оваа листа, односно пријателите за кои што нема да бидете прикажани кога ќе бидете вклучени на Facebook.

facebook chat

На кој начин и да го направите ова, вие повеќе нема да бидете прикажани во листата на онлајн пријатели кај избраните луѓе. Скриени ќе бидете и на сите алтернативни начини на кој што го користите Facebook, односно преку Facebook апликациите за мобилни или било кои други апликации од трети страни.

За да го вклучите четот за било кој од „скриените“ пријатели, следете го вториот начин, со тоа што овој пат ќе го тргнете од листата пријателот за кого што повторно сакате да бидете прикажани на листата.

Претходна статијаНадградба на Skype за iPhone и iPad донесува HD видео повици
Следна статијаВеб прелистувачот Firefox надграден на верзија 23
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.