vertigo 01 001

Канцеларијата е просторот во кој го поминуваме најголемиот дел од нашиот работен ден и за таа цел треба да биде организирана на начин кој соодветствува со нашите потреби, инспирира креативност и ни овозможува најефикасно и продуктивно да го искористиме нашето работно време. Еве ги нашите предлози како да го опремите овој простор:

Одберете компјутер според вашите потреби

Првиот и незаменлив елемент кој што е клучен за нашето работење е лаптопот. Одберете лаптоп кој соодветствува со вашиот буџет и со потребите и природата на вашето работење. За ефективно и брзо извршување на работните задачи одберете квалитетен HP лаптоп или DELL лаптоп, со одлични перформанси или пак доколку се занимавате со графика, веб дизајн, програмирање и слично, одлучете се за поскап MacBook лаптоп кој е квалитетна и моќна машина создадена токму за таа цел. Од друга страна, доколку лаптопот ви е потребен исклучиво за основни работни задачи и документирање на вашите активности, како и пребарување на Интернет, користење на социјални мрежи и слично, одлучете се за овој лаптоп со пониска цена, кој вклучува лиценциран Windows 8.1 и ташна за носење.

laptop

Таблет наместо нотес

За подобра организација на многубројните работни активности, наместо употребата на класичен нотес, одлучете се за преносен таблет компјутер, кој е лесно пренослив, има значително помала цена од лаптоп, а може да собере и организира многубројни податоци.

tablet

Набавете брз, ласерски принтер

За да постигнете целосна ефективност при вашето работење потребно е да обезбедите принтер и тонер, особено доколку секојдневно работите со документи, сметки, договори и извештаи кои ви се потребни во печатена форма. Набавете принтер со повеќе функции како овој кој може паралелно да скенира документи и да испраќа факс пораки, а воедно и да се поврзе со секој тип на електронски уред.

DYE8MR

Автоматизирајте ги процесите со помош на софтвер

Доколку сакате да ги намалите вашите трошоци преку поефикасно организирање и евидентирање на сите процеси во вашето претпријатие, набавете го Pantheon софтверот за мали и средни претпријатија.

think big

Организирајте и уредете го просторот удобно и креативно

Откако ќе ги обезбедите клучните потребни елементи од електроника, можете да преминете на поширокото уредување на вашиот канцелариски простор како удобен и креативен простор за работа. Одберете квалитетно канцелариско биро со поголема работна површина и повеќе фиоки за складирање на вашите секојдневно потребни документи и предмети. Бирото е потребно да го чувате уредно и чисто, а тоа најдобро можете да го направите преку организирање на сите кабли со помош на отвори за кабли кои се монтираат во самото биро, носач на кабли со шест отвори или пак флексибилен носач. Потоа, набавете удобен стол на кој ќе можете да седите исправени и кој ќе биде квалитетна потпора за вас во текот на денот.

Заштитете се од кражби

Не заборавајте да се заштитите од кражби, особено доколку користите скапа технологија во вашиот канцелариски простор и поставете алармен систем.

3(299)

За целосна декорација на просторот набавете креативни слики кои се одлични за мотивација за вас и останатите вработени и оставаат впечаток на модерна канцеларија доколку пречекувате клиенти во неа.

kancelarija

Сите останати елементи од електроника, компјутерска и мобилна технологија за целосно уредување на вашата канцеларија можете да ги најдете на следниот линк.

Претходна статијаАвтономно летало управувано од мозок на пчела
Следна статијаНов тест за Паркинсонова болест преку куцање на тастатура
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.