Идејата мобилниот телефон да биде наш шопинг асистент, кој што ни помага да го одбереме посакуваниот производ, соодветната нијанса, модел, да ги видиме неговите рецензии, а притоа и да платиме, станува сè попримамлива. Се проценува дека до 2023та година ќе бидат потрошени 6,5 милијарди долари на е-трговија, а 64 отсто од трговијата ќе се одвива со користење на мобилни уреди.

Истражувањето, кое што Visa го спроведе во регионот на југоисточна Европа, покажа дека 7 од 10 испитаници, односно граѓани на Македонија, воглавно ги користат своите паметни телефони за нарачка на производи на интернет.

Меѓутоа, со новите потрошувачки навики и зачестената употреба на паметен телефон за онлајн шопинг, доаѓа и бранот на новите измами на интернет, осмислени на начин да допрат до што поголем број на потрошувачи. Поради тоа, за потполно уживање во овој начин на купување, потребна е информираност за безбедноста на онлајн трансакциите, предизвиците на онлајн шопингот и мерките на претпазливост, кои што лесно можеме да ги усвоиме.

Поновиот вид на измама подразбира отворање на онлајн продавници за краток период, проследено со продажба на артикли, а потоа истите едноставно исчезнуваат. Притоа, измамниците за огласување на своите лажни веб страници, ги користат друштвените мрежи, па затоа немојте да верувате во веродостојноста на истата само затоа што сте ја виделе на друштвените мрежи. Најдобриот начин да откриете лажен трговец или измама е да побарате рецензии и да ја проверите автентичноста на сајтот пред да купите било што.

Како да знаете дали сајтот е безбеден?

Пред сè, важно е да се има во предвид фактот дека финансиските институции вршат заштита на вашите уплати, користејќи повеќекратни нивоа на безбедност, со цел да се спречат измами и кражба на вашите податоци. Безбеден сајт за шопинг може да се препознае по ознаката Visa Secure, која што е имплементирана на стотици илјади веб-сајтови на разни трговци, за да ги направи побезбедни вашите онлајн трансакции.

Иако многу продавачи на интернет се легитимни, за жал измамниците можат да ја искористат анонимната природа на интернетот за да ги придобијат купувачите. Со помош на најновите технологии, тие прават лажни веб-сајтови за продажба, кои што имаат софистициран дизајн и изглед. Меѓутоа, ако подобро го погледнете URL-от, односно адресата на тој сајт, но и неговата содржина, можете да приметите дека е лажен. На пример, URL адресата ќе има дополнителни или различни букви и симболи, а веб-сајтот можно е да има граматички грешки или ограничени функции. За да би биле сигурни и за да избегнете измами при плаќање, бирајте веб адреси, кои што во називот имаат https префикс и видлива икона со катанче. Истите се дизајнирани да издржат хакерски напади и се препорачуваат како побезбедни при интернет плаќања.

Како да бидете сигурни дека вашите податоци се заштитени?

Кој има пристап до податоците на картичката е најчестата недоумица на корисниците на мобилни телефони при онлајн купување. Важно е да запаметите никогаш со никого да не го споделувате бројот на сметката, троцифрениот сигурносен код (CVV2) на задната страна на картичката или еднократната лозинка.

Освен вашата сопствена одговорност да ги заштитите чувствителните податоци, од големо значење е и примената на поновите технологии. Visa користи токенизација, која што при секоја трансакција овозможува замена на доверливите податоци за плаќање со единствен дигитален идентификатор – токен, без ризик истиот да биде загрозен. Потрошувачите можат податоците за картичката да ги вчитаат во својот мобилен телефон или во рамките на бизнис апликациите, а истите ќе бидат заменети со токени, што значи дека никаде не се зачувуваат.

За да купувате безбедно со помош на мобилниот телефон, препорачливо е и да го заштитите вашиот уред од вируси и хакери со редовно ажурирање на апликациите и софтверот.

Неовластен пристап и злоупотреба, во случај на кражба или губење на вашиот паметен телефон, можете да спречите така што ќе изберете силна лозинка (комбинација на мали и големи букви, броеви и симболи) или биометрија.

По преземање на сите мерки, ви преостанува да направите список со желби и да се впуштите во виртуелните продавници и шопингот со помош на мобилниот телефон, кој што ви е при рака во секој момент.

Претходна статијаКрива Паланка – уште една општина со паметно улично осветлување
Следна статијаА1 Македонија со нова ИКТ услуга за бизнис сегментот