Скопје, 14.09.2021г.-А1 Македонија најавува воведување на најновата ИКТ услуга – Offensity која им помага на компаниите да ги идентификуваат слабостите и безбедносните пропусти во нивната јавна интернет инфраструктура и преку добиените извештаи и потребни информации истите и да ги отстранат.

Offensityпретставува автоматизирано решение за откривање на потенцијални слабости во инфраструктурата на компаниите и дава можност на корисникот да ја види целосната слика за ранливоста на целата ИТ околина што напаѓачот (хакер) би можел да ја искористи за планирање и спроведување на хакерски напад.

Offensity редовно ја скенира јавната интернет инфраструктура на корисникот и ги детектира и дава извештаи за сите идентификувани ризици, и вклучува скенирање на ранливоста на мрежата и на Web апликациите, безбедност на ДНС (Domain Name System), протекување податоци, проверка доколку системите се појавуваат на црните листи и друго.

Покрај тоа, Offensity исто така мониторира податоци од безбедносен карактер (е-мејл, кориснички имиња, лозинки и сл.) кои се поврзани со корисничките домени, а се достапни на интернет.

Услугата дава извештаи за идентификуваните ризици, нивна класификација според нивото на ризикот (од ниско-ризични до критични), и исто така дава потребни информации за отстранување на ризиците бидејќи услугата самата не ги отстранува идентификуваните ризици и ранливости.

Offensity, услугата која е развиена во рамките на А1 Телеком Австрија Групацијата и е широко прифатена од компаниите во европските земји е уште еден доказ за посветеноста на А1 ТАГ кон креирање и обезбедување на продукти кои овозможуваат зголемена безбедност на инфраструктурата на компаниите.

Повеќе информации можете да најдете на www.a1.mk.

Претходна статијаКако безбедно да купувате на интернет со помош на вашиот нов шопинг асистент – мобилниот телефон?
Следна статијаВидео игра “The Rude Awakening” – да ги вратиме младите во музеите за да се запознаат со историјата